Дома Фудбал Италија Конте се изнервира: Не елиминираа судиите!

Конте се изнервира: Не елиминираа судиите!

Тренерот на Интер, Антонио Конте е мета на критики откако синоќа неговиот тим не успеа да го победи Шахтјор и беше елиминиран од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Конте тешко го поднесе овој неуспех, а посебно го изнервираа прашањата на новинарите.

На едно новинарско прашање, Конте даде дрзок одговор споменувајќи го натпреварот против Шахтјор од Лига Европа минатата сезона кога Интер победи со 5:0.

„Нашиот противник игра доста добро. Ги добивме пред неколку месеци со 5:0 и баш затоа ја имаа променето својата тактика. Вие како новинари пред да поставите прашање треба да размислите малку поубаво“, одговори Конте и заклучи дека голманот и судиите се виновни за елиминацијата.

„Во двата натпревари нивниот голман беше најдобар играч на теренот. Сега кога сме елиминирани можам да кажам и дека судиите не не почитуваа доволно. Имаше ситуации кога судеа против нас“, заклучи Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бастони под истрага поради детска проституција

Нов голем скандал го тресе италијанскиот фудбал, а фокусот е на ѕвездата на Интер, Алесанд…