Дома Фудбал Италија Конте: Самите сме виновни што сме во ваква ситуација

Конте: Самите сме виновни што сме во ваква ситуација

Тренерот на Интер, Антонио Конте призна дека тимот сам со своите грешки допуштил да дојде во ваква ситуација во Лигата на шапиони.

Интер вечерва и гостува на Борусија Мехенгладбах и се наоѓа пред императив победа за да ги задржи шансите за пласман во следната фаза.

„Имаше многу грешки од моите играчи во носењето одлуки против Реал Мадирд. Тоа мора да го заборавиме и да покажеме дека сме во поинаква форма сега. Ова е важен натпревар во ЛШ, против силен тим и ние ќе мора да бидеме на најдоброто можно ниво“, изјави Конте.

„Самите сме виновни што дојдовме во ваква ситуација. Нема да биде лесно против Борусија, но ќе дадеме се за да ги освоиме трите бода“, додаде Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо воведе нови правила за играчите на Реал: Тоа е здрав разум

Жозе Мурињо, во својот втор мандат како тренер на Реал Мадрид, се обидува да ја врати дисц…