Дома Фудбал Италија Конте потпиша договор со Интер – откриени сите детали

Конте потпиша договор со Интер – откриени сите детали

Италијанските медиуми тврдат дека Антонио Конте сигурно ќе седне на кормилото на Интер и ги открија сите детали од договорената соработка.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


49-годишниот италијански стратег потпишал прелиминарен договор со клубот за 3 + 1 година.
Конте на „Џузепе Меаца“ ќе заработува 10 милиони евра по сезона, а договорот се очекува официјално да биде потврден на 28-ми мај.

Во моментов, Интер предводен од Лучано Спалети го зазема четвртото место во Серија А и во последното коло ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони, а потоа ќе биде потврдено доаѓањето на Конте.

Додека чека да биде промовиран во нов тренер на Интер, италијанскиот стратег има причина за задоволство – го доби Челзи на суд и сега „сините“ се должни да му исплатат 10.5 милиони евра.

Конте минатата година доби отказ и од тогаш траеше правната борба со Роман Абрамович, а Италијанецот се обидуваше да извлече што е можно повеќе пари за предвременото раскинување на договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бернардо Силва го напушта Манчестер Сити, но не преминува во Јувентус!

Галатасарај може да ги наруши плановите на Јувентус кога станува збор за големото летно за…