Менаџерот на Челзи, Антони Конте смета дека во Премиер лигата е далеку потешко да се одбрани титулата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Конте со Челзи минатата сезона ја освои титулата, но оваа сезона му оди многу тешко. Манчестер Сити и Јунајтед се на врвот, „сините“ се мачат, а во викендот кој е зад нас беа совладани од Манчестер Сити на домашен терен со резултат 0:1.
„Потешко е да ја одбраните титулата во Премиер лигата отколку во Италија. Кога го освоив Скудетото со Јувентус, следната сезона очекував жестока борба со Милан, но тие ги продадоа Ибрахимовиќ и Тиаго Силва, а тоа значително ни ја олесни работата“, изјави Конте.
Иначе медиумите во Англија на големо пишуваат дека Италијанецот наскоро би можел да биде сменет поради лошиот старт на „сините“.