Дома Фудбал Италија Конте: Заслуживме повеќе

Конте: Заслуживме повеќе

Фудбалрите на Интер одиграа нерешено со Фиорентина (1:1) во рамките на 16. коло од италијанската Серија А.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Нероаѕурите имаа неколку лоши денови откако претходно испаднаа од групната фаза во ЛШ по поразот од Барселона на домашен терен со 2:1.

Сепак, тренерот на тимот на Милан, Антонио Конте, смета дека тимот заслужил повеќе на овие два натпревари.

„Во овие натпревари не го добивме резултатот кој го заслуживме. Против Барселона бевме казнети за неколкуте промашувања.“

„Овој натпревар беше силен одговор на нашиот тим. Но, разочарувањето е што примивме гол во последните моменти. Вечерва заслуживме повеќе, но и против Барселона. Мора да ја поправиме реализацијата и одбраната.“ – изјави Конте.

По 16-то коло од Серија А на врвот на табелата се Интер и Јувентус со по 39 поени. Тимот од Милано во следното коло ќе ја пречека Џенова, додека Јувентус ќе гостува кај Сампдорија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Бизарна традиција во Шпанија: Двајца светски шампиони за награда добија гајба доманти!

Откако Фабијан Руиз и Гави, двете звезди на шпанската фудбалска репрезентација, триумфираа…