Дома Фудбал Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по освојувањето на ФА Купот уште еднаш потврди дека сака и следната година да го води тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Челзи ја „спаси“ лошата сезона со трофеј во ФА Купот, а Конте јавно се прогласи за „сериски победник“.

„Мојата позиција не се промени. Не сакам да слушам други предлози. Моето мислење е јасно, го почитувам договорот со Челзи и сакам да продолжам да работам. За две години го освоивме првенството и ФА Купот. Мислам дека докажав дека сум победник, сериски победник, и покрај тешкотиите“, изјави Конте.

„Кога си навикнат да победуваш сезона како оваа може да ти создаде проблеми. Почнуваш да си поставуваш прашања, да губиш самодоверба. Но, и во тешки услови јас покажав дека сум победник“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…