Дома Фудбал Конте: Ако играме вака немаме шанси во финалето!

Конте: Ако играме вака немаме шанси во финалето!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте ги предупреди своите фудбалери дека треба да ги подобрат перформансите за претстојниот дуел со Манчестер Јунајтед.

Челзи ќе ги одмери силите против Манчестер Јунајтед во финалето од ФА Купот во сабота, што ќе биде можност за спас на сезоната.

„Сините“ останаа без пласман во Лигата на шампиони, а вчера сезоната ја завршија со пораз од Њукасл (3:0).

„За мечот со Манчестер Јунајтед сигурно треба да ја промениме играта. Со ваква игра немаме шанси во финалето. Имаме шест дена, за да го смениме нашиот пристап и желба да се бориме. Нашите фанови заслужуваат повеќе“, изјави Антонио Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…