Дома Фудбал Конечно: Најскапата аквизиција се враќа во тимот на Барса!

Конечно: Најскапата аквизиција се враќа во тимот на Барса!

Најскапата аквизиција на Барселона, Осман Дембеле е целосно рехабилитиран од повредата и е спремен да се врати на терените, пренесуваат шпанските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Французинот ова лето пристигна на „Камп Ноу“ од Борусија Дортмунд за повеќе од 100 милиони евра, но веднаш се повреди и цели три месеци беше надвор од терените.

„После долгото лечење на повредата на левиот бутен мускул, 20-годишниот Французин сега е на располагање на тренерот Ернесто Валверде“, соопштија од Барселона.

Дембеле се повреди на 16-ти септември на мечот со Гетафе, па мораше да му биде извршена операција на бутниот мускул. Се очекува Французинот да биде повикан за мечот со Селта од Купот кој се игра утре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола си замина, а зад него следува вистински егзодус: Пет големи имиња останаа без работа во Сити

Со заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, заврши една од најуспешните ери во ист…