Дома Фудбал Конечно добри вести за Барселона пред „Ел Класико“

Конечно добри вести за Барселона пред „Ел Класико“

Андрес Иниеста во саботата на мечот против Селта побара замена во 53-та минута, па каталонските фанови помислија дека станува збор за сериозна повреда.

Сепак, на „Камп Ноу“ им олесна откако деталните прегледи покажаа дека Иниеста не е повреден, туку само има оптеретување на потколеницата на левата нога.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа шпанскиот репрезентативец ќе го пропушти натпреварот од ЛШ против Спортинг Лисабон, но ќе биде спремен за натпеварот против Виљареал следниот викенд. И секако најважното – плејмејкерот ќе биде спремен за големото „Ел Класико“ кое на 23-ти декември се игра во Мадрид.

Каталонците ќе можат да сметаат на својот маестро, но на истиот натпревар им се повреди најдобриот играч оваа сезона, Самуел Умтити кој сигурно ќе го пропушти големото дерби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сензација на „Скај Спорт“: Тен Хаг на клупата на Баерн?!

Во последниот период се редат тренерите кои го одбиваа Баерн, а во таква ситуација клубот …