Дома Фудбал Италија Комисо: Вториот пенал сигурно не беше, Недвед: Екипите треба да престанат да бараат алиби кога играат против Јувентус

Комисо: Вториот пенал сигурно не беше, Недвед: Екипите треба да престанат да бараат алиби кога играат против Јувентус

Јувентус денес од 12:30 часот со 3:0 ја победи Фиорентина. Двоен стрелец беше Кристиано Роналдо кој два пати погодуваше од пенал.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Првиот пенал за „старата дама“ беше досуден во финишот на првото полувреме кога Пезела играше со рака после шутот на Пјаниќ, а во продолжение вториот пенал беше досуден поради контакт помеѓу Чечерини и Бентакур.

После натпреварот првиот човек на Фиорентина, Роко Комисо го критикуваше судијата Пасква и неговите помошници.

„На Јувентус не му е потребна помош од судиите, навистина сум лут. Првиот пенал можеби беше, но вториот сигурно не беше. Нашите играчи се лути и демотиривирани“, изјави Комиси.

Веднаш потоа следуваше одговор од Павел Недвед.

„Прменогу се зборува против Јувентус дека победува со судиите, уморни сме од тоа. Јувентус до успех добива со добра игра и работа на теренот. Екипите треба да престанат да бараат алиби кога играат против Јувентус“, порача Недвед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Aлварез го одбил Атлетико, има само една желба?

Плановите на Арсенал за ангажман на големо летно засилување наидуваат на голема пречка. Ју…