Дома Фудбал Комедија на српска телевизија: Швајцарците имале свои врачеви, ги плаќале 10 милиони долари

Комедија на српска телевизија: Швајцарците имале свои врачеви, ги плаќале 10 милиони долари

Репрезентацијата на Србија настапот на Светското првенство го заврши уште во групната фаза и тоа како последна во конкуренција со Бразил, Швајцарија и Камерун.

Секако дека ова е огромно разочарување за нашиот сосед, меѓутоа она што се случуваше на една српска телевизија е навистина неверојатно и ретко каде може да се најдат такви изговори.

Водителката разговараше со лице кое во емисијата беше необично облечено и објаснуваше како тоа репрезентациите имале свои врачеви. Водителката на неговите зборови пушти и видео од навивачка која изгледа како да „фрла магии“, зборувајќи дека е исплашена.

На сето тоа господинот во студиото на крајот додаде дека Швајцарците имале свои врачеви и секој од нив поединечно добивал 10 милиони долари.

Слушнете, ние уште не можеме да поверуваме дека господинот е сериозен…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…