Дома Фудбал Англија Кога Ливерпул го има Мане и игра дома – не губи!

Кога Ливерпул го има Мане и игра дома – не губи!

Садио Мане вчера беше избран за најдобар африкански фудбалер, а според многумина тој е еден од најдобрите во светот.

Мане во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања за Ливерпул одигра 28 натпревари и постигна 15 голови, додаде и 11 асистенции. Сенегалецот игра во животна форма.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Овој 27 годишен фудбалер во Ливерпул пристигна во 2016 година од Саутемптон за 41 милион евра и неговиот трансфер се покажа како полн погодок. Меѓутоа никој не можеше ниту да претпостави каква статистика ќе има Мане на „Енфилд“ во Премиер лигата.

Имено од кога Мане дојде во Ливерпул Ливерпул никогаш не изгубил во Премиер лигата на домашен терен. Од летото 2016 година со него во тимот Ливерпул има учинок од 51 победа и девет нерешени натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…