Фудбалерите на Барселона вчера на гости го победија Динамо Киев со 4:0 во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Барселона со оваа победа на две кола пред крајот на групната фаза го обезбеди местото во осминафиналето од ова натпреварување. Каталонците играа без повеќе првотимци, но и покрај тоа успеаа да дојдат до победата.
Меѓутоа она што шпанските новинари го забележаа е начинот на кој Куман го користи Твитер профилот.
Тие сфатија дека Куман на Твитер се огласува само кога Барселона ќе победи. Очигледно Куман си се води од правилото – биди гласен кога ќе победиш.
Причината што не објавува ништо кога Барселона ќе има резултат каков што не се очекува веројатно е да не трпи лоши коментари.
A good win yesterday with qualification for the @ChampionsLeague knockout phase as our reward ?? #ForçaBarça pic.twitter.com/6bxG9EUsSj
— Ronald Koeman (@RonaldKoeman) November 25, 2020