Коби Брајант и неговата ќарка Џиана кои загинаа на 26. јануари во хеликоптерската несреќа, биле погребани во петокот на приватна церемонија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според тврдењата на американските медиуми семејството се одлучило на мала и приватна церемонија далеку од очите на јавноста. Погребот бил одржан минатиот петок во Корона Дел Мар.
Желбата за тајност на семејството се остварила и во мир ги испратија саканите во вечното почивалиште.
„Ванеса и семејството сакаа приватен погреб. Церемонијата беше многу тешка затоа што се уште им е тешко да прифатат дека изгубија две прекрасни души“, пренесуваат медиумите во САД.
Јавното испраќање на НБА ѕвездата и неговата 13 годишната ќерка како и на уште седумте лица ќе се одржи на 24. февруари во „Стејплс Центарот“.