Дома Останати Кошарка НБА Коби и Ванеса имале договор никогаш да не летаат тие двајца заедно со хеликоптерот

Коби и Ванеса имале договор никогаш да не летаат тие двајца заедно со хеликоптерот

Хеликоптерската несреќа која се случи во неделата, во која кошаркарската легенда Коби Брајант трагично го загуби својот живот, заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум други лица, светот го остави во шок, тага и неверување.

Заедно со Коби во авионот имаше уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата ќерка и ниту еден од нив не го преживеа падот на хеликоптерот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Брајант хеликоптер како превозно средство користеше уште од времето кога беше играч. Во една прилика тој објасни и дека тоа не го прави за да се фали со своето богатство туку затоа што му било потреба. Во Лос Анџелес владее голем метеж и одењето на тренинзите и натпреварите може да одзема многу време, дополнителен проблем е што во метежот сигурно би се појавиле и фанови кои сакаат да се сликаат и да добијат автограм од големата ѕвезда.

Денес медиумите во САД повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант пишуваат дека Коби и неговата сопруга Венеса имале договор ако е можно секогаш да избегнуваат двајцата да летаат со хеликоптер не сакајќи да ги остават нивните деца без двајца родители.

Извори блиски на Коби и неговата сопруга откриваат дека Ванеса инсистирала секогаш кога е можно да се избегнува патувањето со хеликоптерот и истиот да се користи единствено во неизбежни случаи. Дали било неизбежно под крајно лоши временски услови да се патува неделата, никогаш нема да биде откриено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Американците бараат суспензија за Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја забележаа втората победа во серијата против Лос Анџелес Ле…