Летниот преоден рок во англиската Премиер лигата и следната година ќе биде завршен непосредно пред почетокот на шампионатот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
„BBC“ пренесува дека клубовите се договориле трансфер пазарот да биде затворен на 8-ми август 2019 година, односно еден ден пред стартот на новата сезона.
Претходното лето преодниот рок на Островот беше завршен на 9-ти август, а клубовите беа задоволни од експериментот, па беше одлучено ништо да не се менува.
Оваа пракса беше воведена од летото кое измина, претходно преодниот рок завршуваше во последниот ден од август месец.