Ливерпул игра одлично оваа сезона во Премиер лигата, а менаџерот Јурген Клоп има уште неколку трансфер желби за зимскиот преоден рок со кои ќе може да ја нападне титулата во Премиер лигата оваа сезона.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Прво засилување би требало да биде крилниот напаѓач на Рен, Пол Жорж Нтеп. Овој 24-годишен француски репрезентативец игра одлично оваа сезона, има одлична техника, брзина и чувство за гол, па Клоп смета дека би бил идеално засилување за „црвените“.
Притоа, Ливерпул е заинтересиран и за младиот играч за врска на Еспањол, Марк Рока. Овој фудбалер има само 19 години, оваа сезона е во првиот тим на Еспањол, но неговиот договор истекува во јуни, па „црвените“ ќе можат да го донесат без обештетување.
За крај Клоп сака да донесе уште еден дефанзивец, а првата мета е Преснел Кимпембе кој е на радарот и на Манчестер Јунајтед. Станува збор за голем талент на ПСЖ кој оваа сезона веќе има одиграно 7 натпревари за „светците“ и го привлече вниманието на многу клубови ширум Европа.