Ливепрул сезонава ја освои титулата во Премиер лигата на која чекаше цели 30 години, но за вистинската прослава ќе мора да почека.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Следниот натпревар во Премиер лигата ќе го игра против Манчестер Сити на „Етихад“. Минатата сезона Сити ја освои титулата, но оваа Ливерпул на Клоп беше доминантен и не им дозволи на „граѓаните“ да се доближат.
Клоп пред ова дерби зборуваше и за следната сезона.
„Се додека останеме понизни и гладни имаме добра шанса да останеме тежок противник за секого. Многу предизвици се пред нас, животот е предизвик, а нашиот следен предизвик е играње против седум противници до крајот на сезоната. Следната сезона за нас ќе се пишува како бранители, но ние нема да ја браниме титулата – ќе ја нападнеме“, изјави во свој стил Клоп.