Дома Фудбал Англија Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е многу среќен од трансферот на Артур, кој вчера пристигна на „Енфилд“ во последниот ден од трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Клоп има проблем со повредени фудбалери и малку алтернатива на средината на теренот, па сакаше да доведе квалитетен играч за врска.

„Навистина сум среќен од тој трансфер. Мојата информација е дека тој до утре нема да добие дозвола за игра, па сите се надеваме дека ќе биде спремен за мечот со Наполи. Тој е добар фудбалер, дава ритам, има одлични додавања и сигурен е со топка во нозе. Многу ми се допаѓа“, изјави Клоп.

„Хендерсон сигурно е во аут, но не знаеме за колку време. Дарвин е во добра форма, тој ја научи лекцијата и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Евертон“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нови проблеми за ѕвездата на Реал: Остана без СП, сега ќе ја „грее“ клупата кај Мурињо?

Трент Александар-Арнолд е предупреден дека неговото место во почетниот состав на Реал Мадр…