Неодамна Салах во разговор за АС даде интервју од кое многумина сфатија дека тој сака да ја напушти екипата на Ливерпул.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тогаш Салах ги пофали Реал Мадрид и Барселона, и рече дека никогаш не се знае што носи иднината.
Повторно околу тоа зборуваше и тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, кој новинарите константно го прашуваат за ситуацијата со Салах.
„Нормално дека секогаш можете да извлечете меѓу редови тоа што на вас ви се допаѓа. Ова е еден од најголемите клубови на светот. Го плаќаме добро. Можеби не најмногу на светот, но верувајте дека е многу добро. Исто така, имаме сензационален стадион со неверојатни навивачи.“ – рече Клоп и додаде:
„Не можете да го натерате некој да остане. Купуваме играчи, продаваме, но не разбирам зошто некој би сакал да замине од овде.“ – додаде Клоп.