Дома Фудбал Клоп: Никогаш не сум видел вакви нефер и луди судиски одлуки

Клоп: Никогаш не сум видел вакви нефер и луди судиски одлуки

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп беше многу лут и разочаран од судењето по поразот од Тотенхем 2:1.

Иако играше со играч помалку од 26. минута, а со двајца помалку од 69. минута, на 30 секунди до крајот беше 1:1, а потоа Џоел Матип си постигна автогол.

Многу полемики предизвика судењето на Сајмон Хупер, неговите помошници и ВАР-собата, а најмногу за поништениот гол на Ливерпул.

„Во животот немам видено понефер натпревар. Никогаш не сум бил погорд на мојот тим, но и никогаш не сум видел толку ситуации и нефер и луди судиски одлуки. Автоголот беше несреќно постигнат. Ова е тежок удар за нас. Ќе се израдувавме на бодот, но сега го немаме ни него. Нема шанси да било офсајд при голот на Дијас. Лошо ги нацртаа линиите. Го видов тоа на полувремето, некој ми покажа од мобилен телефон“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…