Дома Фудбал Англија Клоп: Луѓето ќе зборуваат, ние направивме се што можевме

Клоп: Луѓето ќе зборуваат, ние направивме се што можевме

Ливерпул ниту после 29 години не успеа да дојде до титулата шампион на Англија.

„Граѓаните“ победија со 4:1 и така ја одбранија титулата шампион на Англија, а менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп после натпреварот ја честиташе титулата на ривалот.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Честитки до Манчестер Сити. Одиграа многу добра сезона и освоија 198 поени во последните две сезони. Не е лошо, го имаат мојот респект“.

„Луѓето веројатно ќе зборуваат дека можевме да го направиме ова или она, но јас мислам дека не можевме ништо, направивме се што можевме. Сити имаше повеќе среќа. Не сакавме да бидеме втори, но ова е само прв чекор за овој тим“, изјави Клоп.
За крај додаде:

„Овој тим е во најдобрите години. Ќе има време да се развива. Најважно е што уживавме оваа сезона и тоа е одлично. Ако играте лош фудбал и освоите нешто тоа не е тоа. Овој тим е неверојатен“, заврши Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…