Дома Фудбал Англија Клоп: Ливерпул е оштетен на секој втор натпревар во ПЛ!

Клоп: Ливерпул е оштетен на секој втор натпревар во ПЛ!

Ливерпул вчера го победи Шефилд со 1:2 на домашен терен, меѓутоа Јирген Клоп по мечот воопшто не беше задоволен, не од своите фудбалери туку од судиите.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германецот бил револтиран од неколку ситуации, а најмногу од сомнителниот пенал кој беше досуден за гостите после прекршокот на Фабињо над Мекбрани. Таа ситуација прво беше проценета како слободен удар, но после реакција од ВАР собата беше покажано на белата точка.

Иако не сме навикнати на вакви настапи од Клоп тој сега порача дека Ливерпул е оштетен на секој втор натпревар во Премиер лигата.

„Во таа ситуација фаул воопшто немаше. До сега одигравме шест натпревари, а оштетени сме на три, има одлуки против нас на секој втор натпревар сезонава. Шефилд беше тимот кој сега доби подарок“, изјави Клоп.

Инаку, Ливерпул го доби натпреварот со головите на Фирмино во 41. и Јота во 64. минута. Голот за Шефилд беше дело на Берге.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кејн оптимистичен: Имам големи шанси да ја освојам Златната топка и СП

Капитенот на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, изјави дека претстојното Св…