Брендан Роџерс оваа сезона на одличен начин го води Лестер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Лисиците“ од „Кинг Пауер“ се борат за титулата. Во суперлативи за Роџерс зборуваше легендарниот Пол Мерсон.
„Не постојат зборови со кој би можел да изразам воодушевување. Го сметам за навистина посебен во оваа работа. Тој е рамо до рамо со Клоп и Гвардиола. Но, мислам дека Гвардиола и Клоп не би можеле да го направат тоа што Роџерс го прави со Лестер. Не гледам начин како би успеале во тоа“, изјави Мерсон.
Роџерс во февруари 2019 година го превзема Лестер и на 85 натпревари запиша 45 победи, 16 нерешени резултати и 24 порази.
Претходно работеше во Селтик, Ливерпул, Свонси, Рединг и Вотфорд.