Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп за расправијата со Ковач: Сакаше да ми се извини (ВИДЕО)

Клоп за расправијата со Ковач: Сакаше да ми се извини (ВИДЕО)

Jирген Клоп и Нико Ковач вчера имаа жестока расправија после завршувањето на натпреварот помеѓу Ливерпул и Баерн.

Германскиот стратег после ремито на европските гиганти беше лут на Ковач. Откако се ракуваа, Клоп на хрватскиот тренер нешто дофрли, но ниту овој не му остана должен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Двајцата стратези си разменија неколку зборови, но се на крајот се заврши со ново ракување. Клоп после натпреварот објасни што се случувало.

Англиските новинари ги интересираше причината за малата расправија.

„Не, не, не. Сакав веднаш да се ракувам со него, а тој отиде помеѓу своите играчи. Изгледаше како да се ракува со играчите на својот тим. Кога конечно заврши му кажав: Јас чекам…Тој потоа се извини и му одговорив дека нема проблем. Потоа повторно сакаше да се извини. Тоа е се што се случуваше“, откри Клоп.

Вчерашниот натпревар донесе неколку добри шанси на двете страни. Меѓутоа, мрежите мируваа па двата тима во Минхен ќе тргнат од нула.

Баерн е еден од ретките тимови кој оваа сезона успеа да ги запре „црвените“ да не постигнат погодок, посебно на домашен терен и сигурно дека во реваншот не чекаат многу возбудувања.

Нов дуел на Клоп и Ковач на распоредот е за три недели. Тогаш Баерн на својата „Алијанц Арена“ ќе го пречека Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Вознемирувачко видео: Навивач на ПСВ остана без прсти откако му пукна бакља во раце 🎥

Тимот на ПСВ зад себе има фантастична сезона во која стигна до својата 25. титула во клупс…