Дома Фудбал Англија Клоп за засилувањата: Не е само да дојде некој

Клоп за засилувањата: Не е само да дојде некој

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека не планира да потроши милиони на нови засилувања.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


„Црвените“ ја освоија титулата во Премиер лигата после три децении чекање. Бидејќи веќе и математички им е обезбеден трофејот во Ливерпул започна да се зборува за евентуалните засилувања.

„Пандемијата од коронавирусот влијаеше на приходите и расходите. Ова ќе биде возбудливо лето кога се трансферите во прашање. Но, кога ќе го погледнам тимот ние не треба да менуваме многу. Ние немаме 11 стартни играчи, туку 16-17. Сите тие можат да играат на исто ниво. Не можеме да потрошиме милиони и милиони. Не е само да дојде некој, треба оној кој ќе дојде да донесе нешто ново. Не се работи за пари туку треба да се биде креативен и да се најде решение“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сака е херојот, Арсенал по 20 години ќе игра финале во Лигата на шампионите! (Видео)

Фудбалерите на Арсенал конечно по две децении обезбедија место во финалето на Лигата на ша…