Дома Фудбал Лига на шампиони Клоп во проблем пред реваншот против Баерн, Ковач добива добри вести

Клоп во проблем пред реваншот против Баерн, Ковач добива добри вести

Не очекува интересен натпревар на двата гиганти на европскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ливерпул и Баерн Минхен остварија победи во викендот кој е за нас. Баварците го торпедираа Волсфсбург со 6:0, додека тимот од „Енфилд“ ја продолжи трката со Сити со победата над Барнли.

Во среда не очекува реваншот на овие два клуба на „Алијанц Арената“ во Минхен. Ќе потсетиме првиот натпревар беше завршен со резултат 0:0 на „Енфилд“.

Она што може да биде загрижувачки за Клоп е неизвесноста околу настапот на Александар Арнолд, англискиот репрезентативец вчера го напушти натпреварот нешто порано.

Германецот сега се надева на брзо опоравување, а зад себе веќе има неколку повреди оваа сезона.

Од друга страна на Ковач му се враќаат Алаба и Коман кои веќе некое време се надвор од теренот, ќе видиме дали Хрватот ќе одлучи да ги користи на левата страна на Баварците.

Инаку, Ковач го награди Роберт Левандовски со ден одмор после постигнатите два гола во натпреварот против Волфсбург.

Натпреварот на „Алијанц Арената“ се игра во среда со почеток во 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Крај на приказната: Наполи се збогува со Елмас (Видео)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас си заминува од Наполи откако денеска заврши позајм…