Дома Останати Тенис Кирјос со урнебесен коментар му честиташе на Ѓоковиќ, но доби и одговор

Кирјос со урнебесен коментар му честиташе на Ѓоковиќ, но доби и одговор

Во минатото Ник Кирјос беше голем критичар и противник на она што го правеше Ѓоковиќ, но со тек на времето тоа се промени.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кирјос беше еден од ретките кои јавно застана во одбрана на Ѓоковиќ кога српскиот тенисер се соочуваше со проблеми на Австралија Опен поради одбивањето да се вакцинира.

Сега помеѓу Кирјос и Ѓоковиќ владее голема почит и двајцата тоа не го кријат. Ѓоковиќ вчера стана тенисерот со најмногу грен-слем титули во историјата, а Кирјос не заборави да му честита и тоа го направи на интересен начин.

„Честитки Новак. Од денот кога бараше совети за игра на земја, до освојување на Ролан Гарос. Горд сум на тебе пријателе и секогаш сум тука за тебе, те сака тренерот Кријос“, објави Австралиецот.

Ѓоковиќ набрзо му возврати:

„Истото важи и за тебе, ако ти треба некој совет за на трева, тука сум…“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ивановски ќе игра за титула на турнирот во Скопје

Македонскиот тенисер Калин Ивановски обезбеди место во финалето на турнирот во Скопје, отк…