Алваро Мората и Андреа Белоти за сега се првите опции на Милан кога станува збор за нападот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Милан ова лето ќе се обиде да доведе еден квалитен напаѓач и неколку фудбалери во оптек, a меѓу кандидатие се Мората и Белоти.
Мората во моментов е во Реал Мадрид, но наводно Милан е во сериозни преговори со шпанскиот напаѓач и некои медиуми објавија дека напаѓачот е веќе на пат за Милано.
Сепак, управата на „Росонерите“ има и план Б, а тој се вика Андреа Белоти. Напаѓачот на Торино има откупна клаузула од 100 милиони евра, но самиот играч потајно е навивач на Милан, па тоа, „Росонерите“ го гледаат како адут во трансферот и се надеваат дека можат да го донесат на „Сан Сиро“.
Милан е подготвен да понуди 70 милиони евра со 10 милиони бонуси.
Да резимираме, Мората е првата опција, а доколку пропадне трансферот, Милан ќе се обиде да го донесе Белоти од Торино, иако нема сомнеж дека тие се подготвени да донесат и неколку други опции на „Сан Сиро“.