Дома Фудбал Германија Кимих: Нагелсман е во Топ 3 тренери во светот

Кимих: Нагелсман е во Топ 3 тренери во светот

Капитенот на Германија и ѕвезда на Баерн Минхен, Џошуа Кимих зборуваше денес на пресконференција пред мечот со Перу.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Логично новинарите најмногу се интересираа за тренерската рокада во Баерн Минхен.

Синоќа на големо изненадување Баерн реше да го отпушти Јулијан Нагелсман и на негово место да го донесе Томас Тухел.

„Апсолутно разбирам дека тоа е најжешка тема во моментов. Но, јас неможам да зборувам многу додека не се огласи клубот. Можам само да кажам дека Нагелсман за мене е во Топ 3 тренери во светот“, изјави Кимих.

„Се разбира дека ме интересира кога станува збор за тренерот во мојот клуб. Но додека сум со репрезентацијата не мислам на тоа. Меѓутоа, читам вести и се разбира дека ме засега кога станува збор за мојот клуб“, додаде Кимих.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Се појавија снимки, ова е веќе срамно: Американците со фудбалерите се однесуваат како да се криминалци (Видео)

Организаторите на Светското првенство во Соединетите Американски Држави веќе успеаја да со…