Дома Фудбал Италија Киелини: Атлетико повеќе наликува на италијански, отколку на шпански тим!

Киелини: Атлетико повеќе наликува на италијански, отколку на шпански тим!

Атлетико Мадрид и Јувентус утре ќе ги одмерат слилите на „Ванда Метрополитано“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Капитенот на „старата дама“, Џорџо Киелини пред мечот изјави дека Атлетико Мадрид повеќе наликува на италијански, отколку на шпански тим.

„Атлетико Мадрид повеќе наликува на италијански, отколку на шпански тим. Менталитетот и начинот на кој ги играат натпреварите се блиски до нашите. Спремни се да го згуснат средниот ред за да не запрат. Мојата цел е да се вратам на овој стадион на 1-ви јуни“, истакна Киелини со оглед на фактот дека финалето во ЛШ оваа година се игра на „Ванда Метрополитано“.

„Ние игравме во две финалиња во Лигата на шампиони, но се уште ни недостасува полседниот чекор. Пеналот за Реал минатата сезона? Тоа беше многу служен момент за судијата“, заклучи Киелини.

На крајот Килеини испрати комплименти до капитенот на Атлетико Мадрид, Диего Годин за кого рече дека е еден од најдобрите дефанзивци во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо блесна, Португалија ,,пукна петарда”! (Видео)

Португалија убедливо одговори на критиките по ремито со ДР Конго и со високи 5-0 го совлад…