Дома Фудбал Киеза паузира седум месеци

Киеза паузира седум месеци

Напаѓачот на Јувентус Федерико Киеза го оперираше коленото и ќе отсуства од теренот седум месеци, соопшти торинскиот клуб.

Киеза ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено во натпреварот против Рома на 9-ти јануари.

Веднаш беше јасно дека за италијанскиот репрезентативец сезоната е завршена, но дури сега е утврдено колку ќе паузира. Се поставува прашањето дали 24-годишникот ќе биде спремен за почетокот на наредната сезона.

Сезонава Киеза беше еден од најважните фудбалери на Јувентус и на 18 натпревари постигна четири гола и запиша четири асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мојс бара голови во МЛС: Евертон го следи напаѓачот со 18 погодоци

Келвин Јебоа од Минесота јунајтед е меѓу опциите на Евертон за јануари. Неговата цена би м…