Дома Фудбал Англија Керик знае кој ќе биде новиот капитен на Јунајтед по него

Керик знае кој ќе биде новиот капитен на Јунајтед по него

По заминувањето на Вејн Руни од Манчестер Јунајтед, капитенската лента на оваа екипа ја превзеде Мајкл Керик.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот стратег Жозе Мурињо ја донесе одлуката дека новиот капитен на Јунајтед ќе биде Керик. Кeрик од сите играчи од сегашниот состав има поминато најдолго време на „Олд Трафорд“ и логично беше да ја превземе капитенската лента.

Меѓутоа, Керик најверојатно ќе ја одигра последната сезона во кариерата. Овој 35-годишен фудбалер најави крај на кариерата следното лето и јасно е дека Јунајтед повторно ќе мора да бира капитен. Но, Керик одлучи да избере играч за кој верува дека ја заслужува лентата, а постои голема можност дека Мурињо ќе го послуша.

Пол Погба би требало да биде новиот капитен по мене. Тој дефинитивно го заслужува тоа бидејќи на теренот се однесува како вистински лидер. Сигурен сум дека Мурињо веќе знае кој ќе биде новиот капитен кога јас ќе си заминам и мислам дека имаме исто мислење. Да, Погба би можел да биде новиот капитен на Манчестер Јунајтед“, изјави Керик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Maнчестер сити го потврди Мареска, а реагираше и Челси: Многу сакаше да го наследи Гвардиола…

Манчестер сити официјално го потврди назначувањето на Енцо Марешка како нов шеф на струкат…