Дома Фудбал Италија Квадрадо од денеска официјално е фудбалер на Јувентус

Квадрадо од денеска официјално е фудбалер на Јувентус

Колумбискиот фудбалер, Хуан Квадрадо денеска и официјално стана нов играч на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Квадрадо е во Јуве веќе две сезони, но како позајмен играч од Челзи, а сега потпиша договор до 2020. година. Според договорот на Челзи и Јувентус, клубот од Торино ќе треба да им исплати 20 милиони евра за Квадрадо доколку ја освои титулата во Италија.

Со вчерашната победа над Кротоне, Јуве ја освои шестата титула по ред во Серија А, а уште денеска ги заврши работите и потпиша договор со Квадрадо.

Хуан Квардаро на првата позајмица во Јувентус пристигна на крајот од август 2015. година, но и минатата сезона остана во Торино. За Јуве во кариерата одигра 83 натпревари и постигна осум гола.

Освен за Јувентус и Челзи, Квадрадо настапуваше за Индепендиенте Меделин, Лече, Удинезе и Фиорентина, а за репрезентацијата на Колумбија одигра 62 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …