Дома Фудбал Лига на шампиони Карагер е лут и објасни зошто смета дека Тотенхем има предност во финалето на 1-ви јуни

Карагер е лут и објасни зошто смета дека Тотенхем има предност во финалето на 1-ви јуни

Ливерпул и Тотенхем на 1-ви јуни ќе се сретнат во финалето од Лигата на шампионите.

Последното коло од Премиер лигата беше одржано на 12-ти мај, а Карагер смета дека тоа е предност на Тотенхем кој смета дека некои повредени играчи ќе се опорават до финалето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Никој не можеше да ми објасни зошто финалето во Лигата на шампионите се игра три недели после завршувањето на лигашката сезона. Да бидам искрен тоа ме налути“.

„Мислам Дека тие имаат поголеми проблеми со повредите од нас. Хари Кејн, Винкс и уште некои имаа ситни повреди поради кои не играа пред крајот на сезоната“, смета Карагер.

Потоа легендата на Ливерпул зборуваше и за формата на екипите.

„Ние бевме во многу подобра форма од Тотенхем и долгата пауза сигурно нема да ни помогне. Загрижен сум бидејќи Ливерпул може да го изгуби ритамот со кој играше во завршницата“, изјави легендарниот дефанзивец на „црвените“.

До финалето остануваат уште шест дена, па останува да видиме дали Карагер е со право загрижен или Клоп ќе успее да ја одржи одличната форма со која играше неговиот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул ја купува ѕвездата на Аталанта

Ливерпул е сериозно заинтересиран за ѕвездата на Аталанта и холандски репрезентативец, Туе…