Дома Топ вести Капитенот на Тотенхем може да се пресели на Олд Трафорд

Капитенот на Тотенхем може да се пресели на Олд Трафорд

Капитенот на Тотенхем, Уго Љорис може да се пресели во Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната, пренесува „Екип“.

Еминентниот весник тврди дека голманот бара нов предизвик, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ Солскјер сака да го донесе во својот тим.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Љорис има договор со „спарси“ уште 15 месеци и не е блиску до договор со раководството за продолжување на соработката.

34-годишниот Французин сака да ја промени средината, а Манчестер Јунајтед сака да ја искористи ситуацијата.

„Црвените ѓаволи“ се спремни да го продадат Де Геа на крајот на сезоната и веруваат дека Љорис ќе биде идеално решение бидејќи е искусен и може да му помогне на младиот голман Хендерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан почна преговори со мексиканската ѕвезда

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…