Дома Фудбал Англија Капело: Јунајтед е досаден тим, Гризман не им е доволен!

Капело: Јунајтед е досаден тим, Гризман не им е доволен!

Легендарниот италијански тренер, Фабио Капело не верува дека Манчестер Јунајтед ќе има доволно силен тим за следната сезона да се бори за титулата во Премиер лигата.

Капело смета дека Мурињо ќе треба многу да го засили тимот и дека потпишувањето на Антоан Гризман не е доволно за да му парира на Челзи.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Изданието на Јунајтед против Ајакс беше далеку од извонредно. Лошо играа фудбал и не беше интересен натпревар. Јунајтед е силен и добро се брани, што е добро, но тие се навистина досаден тим“, изјави Капело.

Во однос пак на можните летни засилувања и потенцијалниот ангажман на Антоан Гризман на „Олд Трафорд“ искусниот стратег вели:

„Гризман е добар играч, ама која е неговата најдобра позиција? Тој не е напаѓач, на Јунајтед му е потребно повеќе од тоа. Имаат други делови кои мораат да ги засилат. Челзи е многу силен и треба да го стигнат. Ќе биде тешко“, смета Капело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…