Легендарниот италијански тренер Фабио Капело смета дека неговиот поранешен клуб, Реал Мадрид е единствениот клуб кој нема да има финансиска криза ниту поради пандемијата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубовите ширум Европа би можеле да имаат последици бидејќи пандемијата откажа многу натпревари, па така го нема приходот од влезниците, а исто така се затворени и клупските продавници.
Сепак, Капело смета дека Реал нема да има проблеми, за разлика од Атлетико Мадрид и Барселона. Славниот тренер зборуваше конкретно за Шпанија.
„Ми изгледа дека во Шпанија (економски) единствен тим кој нема да има проблеми со пандемијата е Реал Мадрид. Барселона и Атлетико многу ќе патат“, изјави Капело за „Газета дело Спорт“.
Капело Реал Мадрид го водеше во две различни фази и на два пати ја освојуваше Ла Лига.