Главниот кандидат за нов претседател на Барселона, Виктор Фонт смета дека трансферот на Антоан Гризман на „Камп Ноу“ бил грешка.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според Фонт, трансферот на Гризман и уште неколку други се правени од луѓе кои не се разбираат многу од фудбал.
„Јасно е дека Барселона не требаше да го доведе Гризман, бидејќи тој игра на иста позиција како Меси. Овој трансфер беше контролиран од претседателот на Барса, кој не е фудбалски човек“, изјави Фонт, кој има намера да го врати Чави во Барселона.
„Чави е најдобрата личност која може да го води новиот проект. Тој најдобро од сите може да го убеди Меси да остане. Двајцата се познаваат добро и Лео верува во квалитетите на Чави. Неговата улога ќе биде многу важна“, додаде Фонт.