Дома Останати Канада преку пенал рулетот до златото на женскиот фудбалски турнир

Канада преку пенал рулетот до златото на женскиот фудбалски турнир

Неизвесно финале денес во женскиот фудбал одиграа Канада и Шведска, а на крајот после пенали победата ја однесоа Канаѓанките.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И двете селекции имаа свои шанси, а на крајот пенал рулетот можеби беше и најправедниот начин да се одлучи победникот. До водство прва стигна Шведска во 34. минута преку Блекстениус.

Од тој момент Канаѓаните тргнаа напаѓачки со цел да се вратат во игра. Изедначувањето дојде од пенал во второто полувреме преку Флеминг.

Во финишот од натпреварот видовме неколку полушанси, но во тие моменти двете репрезентации повеќе мислеа како да не примат гол отколку да постигнат.

Најголемите шанси во продолженијата ги имаа Швеѓанките и тоа во последните пет минути. На крајот се дојде до изведувањето пенали, а таму подобра беше Канада.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

(Видео) Гого Славески го истепа Тељо за нов триумф во БКФЦ

Македонецот Гого Славески забележа нов значаен успех во БКФЦ организацијата (бокс без рака…