Дома Фудбал Како ќе изгледа Барселона против Јувентус? Куман има неколку дилеми

Како ќе изгледа Барселона против Јувентус? Куман има неколку дилеми

Барселона во второто коло од Лигата на шампионите ќе игра против Јувентус, а стратегот на Каталонците Роналд Куман има неколку дилеми пред овој меч.

Холандскиот стратег има намера да го измеша тимот после поразот од Реал Мадрид. Во средниот ред сигурен е Де Јонг, а не е сигурно кој ќе биде негов партнер во средината. Куман има дилема да го остави Бускетс кој не блескаше во „Ел Класико“ или да му даде шанса на Пјаниќ кој дуелот со Реал го помина на клупата за резерви.

Роналд Араухо ќе го замени суспендираниот Пике, додека од првата минута шанса би требало да добие и Гризман поради повредата на Кутињо.

Во нападот ќе играат Ансу Фати и Меси, додека има неодлучност околу четвртиот офанзивец, опции се Педри, Тринкао и Дембеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…