Дома Фудбал Италија Како пропаднало враќањето на Лукаку во Интер: Го баравме со денови, се заврши на 8. јули

Како пропаднало враќањето на Лукаку во Интер: Го баравме со денови, се заврши на 8. јули

Ромелу Лукаку изминатото лето беше блиску да се врати во Интер, меѓутоа на крајот тој трансфер пропадна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Белгиецот во последен момент се премисли и не одговарал на повиците на луѓето од Интер, па поради таквиот однос доби пеколен пречек од навивачите изминатиот викенд кога „нероѕурите“ ја победија Рома со 1:0.

Директорот на Интер, Пјер Аусилио сега објаснува како пропаднал трансферот на Лукаку.

„Ретко зборува за фудбалер кој е во друг клуб, во изминатите месеци не сум го направил тоа. Велам дека сакам само да мислам на сегашноста и иднината, а Лукаку е дел од минатото.

Со него го освоивме Скудетото, ни донесе значителна капитална добивка, и загубивме две финалиња. Но, доколку некој исчезне и не во одговара на телефонските повици… тоа беше неприфатливо. Со Лукаку се заврши на 8. јули откако неколку дена се обидувавме да го добиеме“, објасни Аусилио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Трансфер бомба! Јошко Гвардиол понуден на Реал Мадрид!

Јошко Гвардиол е понуден на Реал Мадрид, пренесува угледниот шпански медиум AS. Зошто проб…