Дома Фудбал Како на филм: Поранешниот претседател на Валенсија заврши зад решетки – сакал да го „грабне“ купувачот!

Како на филм: Поранешниот претседател на Валенсија заврши зад решетки – сакал да го „грабне“ купувачот!

Несекојдневен случај во Шпанија.

Поранешниот претседател на Валенсија, Хуан Баутиста Солер е осуден на двегодишна затворска казна бидејќи се обидел да го кидн апира неговиот наследник на чело на фудбалскиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солер беше претседател на Валенсија од 2004 до 2008 година, а обвиненијата се однесуваат на инцидент во март 2014 година кога заедно со четири лица е обвинет и прогласен за виновен во обидот за кидна пирање на Висенте Соријано.

Солер во 2008 година му продаде на Соријано 70% од акциите на клубот за 85 милиони евра и таа сума требало да биде исплатена во четири рати.

Планот бил да се кидна пира Соријано за да се исплати долгот кон Солер, но тој план полицијата го открила и сите вмешани завршиле зад решетки.

„Судот во Валенсија прогласи четири лица за виновни вклучувајќи го и познатиот бизнисмен кој беше претседател на фудбалскиот клуб Валенсија за планирање на кидна пирање и грабеж на друг бизнисмен кој исто така беше претседател на клубот. Судот смета дека се одговорни за обид за кидна пирање и обид за грабеж. Судот одреден двегодишна затворска казна, по една година за двете дела“, се наведува во соопштението на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…