Дома Останати Кошарка НБА Како изреагирал Јокиќ кога слушнал дека ќе биде дел од „Ол-Стар“? – „Луѓе, што ви е на вас“?

Како изреагирал Јокиќ кога слушнал дека ќе биде дел од „Ол-Стар“? – „Луѓе, што ви е на вас“?

jokic

Словенецот Лука Дончиќ не доби место на „Ол-Стар“ натпреварот, но затоа доби српскиот центар Никола Јокиќ кого тренерите го избраа да биде дел од резервите.

Дефинитивно никој не очекуваше Дончиќ кој од фановите доби повеќе од четири милиони гласови да не добие место помеѓу резервите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од друга страна Јокиќ имаше причина за задоволство, но според пишувањето на српските медиуми останал прилично смирен.

„Мојата девојка дури и заплака од радост. Браќата исто така беа во делириум и почнаа да врескаат од радост за мене, додека јас бев во стилот: Луѓе, што ви се случува“, изјавил Јокиќ.

За Србија ова е прв пат после 15 години да има претставник на еден „Ол-Стар“ натпревар, претходно тоа беше Предраг Стојаковиќ.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дончиќ: Коленото ми беше полошо, не можев и да дишам…

Лука Дончиќ го водеше Далас до нова победа победа против Клиперс со која Мавс го вратија в…