Дома Фудбал Како изгледаше насловната на „Дејли Мејл“ пред голот на Моура во 95-та минута (ФОТО)

Како изгледаше насловната на „Дејли Мејл“ пред голот на Моура во 95-та минута (ФОТО)

Ново чудо видовме вчера во Лигата на шампионите.

После неверојатниот пресврт во Ливерпул, Тотенхем на уште еден луд начин направи пресврт и го надополни заостанувањето против Ајакс. Во првиот натпревар „петлите“ изгубија со 1:0, а на полувремето вчера губеа со 2:0, но успеаа да се вратат и да победат со 2:3. Со тоа тие обезбедија пласман во големото финале каде што ќе играат против Ливерпул.

Херој на Спарсите беше Лукас Моура. Бразилецот успеа да постигне хет-трик. На чудесен начин тој го комплетираше хет-трикот во 95-тата минута.
Неговиот последен гол ја промени насловната страна на англискиот медиум „Дејли Мејл“.

Во 94-тата минута се веќе било спремно да оди на печатење со наслов: „Скршено срце“, кога се очекуваше Спарсите да испаднат. Четири минути подоцна, беше спремен новиот наслов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Струга пак го совлада Вардар, Шкемби доби силен поттик пред Шкендија

Голот на Радески ѝ донесе на Струга победа од 1-0 кај Вардар. Бледи Шкемби го нагласи знач…