Кадетската машка репрезентација на Македонија го освои ЕХФ-шампионатот во Рига (Летонија).
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Денес во финалниот натпревар на шампионатот против репрезентацијата на Швајцарија забележаа победа со резултат 24:22.
Македонија беше на раб на пораз во завршницата од мечот кога во егал меч со размена на водството во текот на мечот на двете селекции,
Швајцарија дојде до два гола предност со 22-20 на осум минути пред крајот, но оттогаш не дадоа ни еден гол, а црвено-жолтите успеаа со четири гола да направат пресврт и да дојдат до победата.
Освоеното прво место на шампионатот на Македонија и донесе директен пласман на младинско ЕП 2024 и кадетско СП 2023 година,