Дома Фудбал Кавани одбил милиони за да го пушти Нејмар да шутира пенали!

Кавани одбил милиони за да го пушти Нејмар да шутира пенали!

Француските медиуми пренесуваат дека сопственикот на Пари Сент Жермен му понудил на Едисон Кавани милион евра само да му препушти на Нејмар да ги изведува пеналите, но Уругваецот одбил.

Не е само Нејмар виновен за целата приканза околку пеналите, него уште во преговорите му било ветено дека во Париз ќе ги изведува слободните удари и пеналите.

Меѓутоа, тоа никој не му го кажал на Кавани кој ја превзеде таа обврска од Ибра и постигна 49 гола на последните 50 натпревари. Се шпекулира дека Уругваецот го интересира титулата најдобар стрелец во лигата бидејќи така ќе добие милион евра бонус од клубот.

Со цел да ја разреши ситуацијата на сцена стапи сопственикот Насер Ал Келаифи кој му понудил на Кавани да му го плати тој милион, но да го остави Нејмар да ги изведува пеналите.

Кавани ја одбил понудата со образложение дека парите не го интересираат и дека ПСЖ може да го задржи бонусот, но ТОЈ ќе ги изведува пеналите.

Тоа го разбеснило Нејмар, ситуацијата станува се по напната од ден во ден, па се поголема е веројатноста Кавани да биде продаден во зимскиот преоден рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дориев останува прв стрелец, Согдиана чека победа и по дуелот со Бухоро

Љупче Дориев ги одигра сите 90 минути во ремито 1:1 со Бухоро, а по мечот имаше време и за…