Дома Останати Кабиб за можниот реванш со Конор: Не ми требаат пари да го тепам тој кретен

Кабиб за можниот реванш со Конор: Не ми требаат пари да го тепам тој кретен

Кон крајот на 2018 година борбата помеѓу Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов беше вистински спектакл, а после борбата настана и инцидент во кој Кабиб тргна да се пресметува со тимот на Ирецот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од тој момент цело време се зборува за нивни реванш. Неодамна првиот човек на УФЦ, Дајна Вајт најави дека победникот од борбата помеѓу Кабиб и Фергусон ќе оди на борба со Конор. Освен тоа се појави и вест дека шеик ќе плати 100 милиони долари за оваа борба да се одржи во Саудиска Арабија.

На оваа тема се огласи и Кабиб.

„Не размислувам за такво нешто. Зачуден сум што луѓето ме прашуваат. Сите видовте што се случи во нашата последна борба, во овој момент не сум заинтересиран. Мојот фокус сега е на Фергусон. Не ми се потребни пари за да го тепам тој кретен. Има многу спортови во кои треба да се вложува“, изјави Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неверојатно: Линдзи Вон почна да тренира 25 дена по страшната повреда

Американската скијачка Линдзи Вон повторно го остави светот без зборови. Само 25 дена по с…