Дома Фудбал Италија Италијанците го пречекаа Пандев: Херои се сите во репрезентацијата, Македонија чекаше три децении на вакво нешто

Италијанците го пречекаа Пандев: Херои се сите во репрезентацијата, Македонија чекаше три децении на вакво нешто

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев доби одмор од селекторот Игор Ангеловски и се врати во Џенова каде што беше дочекан од новинарите.

Новинарите сакаа да добијат изјава од Пандев откако Македонија ја победи Грузија и се пласираше на Европското првенство кое ќе се игра во јуни. Италијанците му се обратија на Пандев со зборовите Национален херој, а нашиот капитен беше скромен.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Не сум само јас херојот, сите во репрезентацијата сме херои. Ова е прекрасно чувство, ми се оствари сонот после 20 години во репрезентацијата. Три децении Македонија сонуваше за вакво нешто. Успеав да го дочекам ова и тоа на крајот од кариерата, уште не можеме да поверуваме што направивме“.

„Добив илјадници пораки и благодарен сум за сите, иако не стигнав на сите да им одговорам. Благодарен сум и се надевам брзо ќе се вратат на стадион да ги поздравам“, изјави Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Скапото засилување на Ливерпул се сели во Реал Мадрид

Реал Мадрид е заинтересиран за играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис Мекалистер.  Ш…