Дома Останати Кошарка Италијанците го откриле новиот клуб на Димитријевиќ: Потпишува на три години!?

Италијанците го откриле новиот клуб на Димитријевиќ: Потпишува на три години!?

Во текот вчерашниот ден се појави информација дека два италијански и турски гигант покажуваат интерес за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ.

Еден од нашите најдобри кошаркари и сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб Уникс Казан.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Олимпија Милано и Виртус Болоња од Италија и турскиот гигант се меѓу најновите кои влегоа во трката за потписот на 26-годишниот плејмејкер.

Италијанските медиуми со сигурност тврдат дека Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Италија, поточно ќе ги брани боите на Олимпија Милано.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, сезонава во регуларниот дел заврши на 12 место.

„Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер“, објави новинарот Андреа Калцони на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Усик го доби спектаклот во Ријад – боксот по 25 години има апсолутен светски шампион!

По вечерашниот спектакл во Ријад добивме нов апсолутен светски шампион во бокс. Неговото и…